За нас

СЕИФТИ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ претставува водечко друштво за менаџмент и консалтинг услуги со над 10 годишно искуство на македонскиот пазар, почнувајќи од 2007-ма година. Се фокусираме на сеопфатен пристап во областа на корпоративното право, со цел да дизајнираме услуги со највисок квалитет и значење за вашиот бизнис. Дозволете нашето искуство и експертиза да ви го олеснат водењето на Вашиот бизнис.

Основната дејност на друштвото претставуваат услуги во доменот на:

  • Корпоративно право
  • Работни односи
  • Организација на правни субјекти
  • Странски правни и физички лица

Услуги

Услуги и експертизи во областа на регистрации, работни односи, организација на правни субјекти.

Корпоративно
право
  • Основање - регистрација на правни субјекти и статусни промени во друштвата:
  • - ДООЕЛ - друштво со ограничена одговорност основано од еден основач.
  • - ДОО - друштво со ограничена одговорност основано од два или повеќе основачи.
  • - Акционерски друштва ( Финансиски, Осигурителни, Брокерски, Трговски и други акционерски друштва во согласност со Закон за трговски друштва).
  • - Статусни промени во друштвата ( секаков вид на промени во друштвата во текот на својата деловна активност).
  • - Изготвување Договори за потребите на друштвото ( по сите основи во согласност со Закон за Облигациони односи).
  • - Стеј и Ликвидација на Правниот субјект.
  • - Проценки на Трговски Друштва, подвижен и недвижен имот.
  • - Дозволи за престој на странско лице во Р. Северна Македонија.
  • - Целосна логистика за вашиот бизнис пред сите државни институции и органи.
Работни
односи
  • - Огласување на работни места - како потреба на друштвото за вработување на работници потребни за дејноста на друштвото,
  • - Избор на работници и доставување предлог за соодветен профил на работник,
  • - Преструктуирање и технолошки вишок
  • - Пријавување работници во работен однос:
    • Изготвување Договори за работа
  • - Одјавување работници од работен однос:
    • Изготвување Решенија за престанок на работен однос
Организација на правни субјекти
  • - Проценки на подвижен и недвижен имот
  • - Регистрација на парични позајмици во друштвото во Народна банка.
  • - Регистрација на привремен престој на странец по основ на вработување.
  • - Регистрација на работно време на друштвото.
  • - Регистрација на минимални технички услови на објектот каде друштвото има седиште - деловна адреса
  • Посредување во постапка за изработка на Правилници за заштита при работа и ризик од работно место и други Правилници во согласност со дејноста на друштвото.
Странски правни и физички лица
  • - Директни странски инвестиции - Поддршка за влез на странски компании на македонскиот пазар преку основање компании и нивна правна поддршка за проширување на македонскиот пазар.
  • - Регулирање на привремен престој и вработување на странско лице во Македонија, постапка за добивање на државјанство.

Зошто Ние?

Нашиот професионален тим се состои од експерти со повеќегодишно искуство во своите области од корпоративното право, со искуство во нудење на услуги на партнери од Македонија и странство. Нашите вработени се целосно фокусирани на клиентот и вложуваат максимален напор сите ваши потреби да бидат решени на најквалитетен начин и во најбрз можен рок.

Експертиза од повеќе области

Богатото, долгогодишно искуство во доменот на корпоративното право (деловно право, работни односи и организација на правни субјекти) ни овозможува да нудиме решенија за секоја ваша потреба или потенцијален проблем со кој се соочувате.

Тим од професионалци

Работна група составена од мотивирани експерти која професионално соработува со секој клиент и е достапна во секој момент.

Загарантирани резултати

Нашиот тим е секогаш тука да ги заврши целосно сите активности поврзани со корпоративното право, во најбрз можен временски рок.

Експерти во областа на правото

Докажан тим на вработени во областа на правото, со искуство во менаџирање на клиенти од македонски и странски пазар.